Гостивар
Секојдневни акции на сообраќајците во Гостивар и Тетово, возачите не навикнаа да ги почитуваат правилата
Полициските службеници на СВР Тетово продолжија со сообраќајните контролни активности на тетовско-гостиварското подрачје. Вчера (9 март) од 8 до 16 часот биле откриени и санкционирани 6 технички неисправни возила (ТЕ-4 и ГВ-2). Две од возилата имале неисправни сопирачки, 3 возила неисправни други уреди и системи и едно други технички недостатоци. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени предвидените поднесоци, извести полицијата.
При контролата, исто така, откриени се и 3 возачи кои управувале без возачки дозволи, 2 нерегистрирани возила и 1 возач кој управувал со важечка забрана за управување. Санкционирани биле и 45 непрописно, односно погрешно паркирани возила, како и 43 други видови сообраќајни прекршоци.
Вчера (9 март) од 8 до 22 часот спроведена е и акциска контрола за брзина, во која биле санкционирани 25 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-15 и ГВ-10), од кои едно за повеќе од 70 километри на час, како и 18 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, од кои 1 за повеќе од 50 километри на час.
Во контролата биле констатирани и санкционирани и 55 други видови сообраќајни прекршоци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот