Поврзи се со нас

Гостивар

Од патарината во Гостивар лани собрани скоро 165 милиони денари

Објавено

на

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.

На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, наплатата изнесува 85.599.333  денари, односно 72.861.770 денари.

„Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, остварениот промет изнесува  400.174.788,00 денари.  Од наплатата на патарината на Миладиновци  се инкасирани 266.361.767 денари, Глумово 258.299.622, Градско 248.125.247 денари, Желино  244.476.653 денари, Гевгелија  236.866.875 денари,  Петровец  205.967.358 денари, Тетово  201.158.821 денари, Сопот 195.984.192 денари, Отовица 188.054.352 денари, Демир Капија 172.813.622  денари и Гостивар  164.536.337 денари.

При споредбите на прометот на наплатните станици, треба да се земе предвид и цената на патарините по категории, како и дека Сопот и Отовица се единствени кои имаат наплатни кабини само во еден правец, а дека Преод и Кадрифаково се отворени во јули лани.

Електронската наплата надминува 30 проценти

Прометит остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ Центарот, пак, изнесува  333.106.598  денари.

Од почетокот  на воведувањето на електронската наплата на патарина, од јули 2019 година па се до 1 март годинава електронската наплата бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во нивно надополнување.

За периодот 2019 до сега, продадени се вкупно 144.591 парчиња М-Смарт картички и 17.412 М-Таг уреди или вкупно 162.003 електронски уреди. За посочениот период, направени се вкупно 851.272 поединечни надополнувања на електронски уреди.

Од ЈПДП велат дека учеството на електронската наплата е со постојан пораст во вкупниот промет остварен од наплата на патарина и веќе надминува 30 проценти од вкупната наплата, во делот на наплатните каде функционира електронската наплата.

Најчест начин на плаќање патарина е се уште во готовина со нешто над 55 проценти од плаќањата, електронската наплата учествува со околу над 30 проценти, а на безготовинско плаќање со користење на платежни картички отпаѓа околу 15  проценти  од плаќањето.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена