Поврзи се со нас

Гостивар

На листа на невработени во Гостивар 49 магистри и 1 доктор на наука

Објавено

на

Според официјалната статистика на државната Агенција за вработување, на листата на невработени на гостиварското подрачје евидентирани се вкупно 8.783 граѓани. Овие податоци се заклучно со 28 февруари годинава. Бројката е намалена во споредба со лани истиот период за околу 800.

Од евиденцијата може да се види дека безработица ги мачи и лицата без образование, но и оние кои се високообразовани. На списокот невработени евидентирани се 6.144 лице лица со основно или без никакво образование. Со завршено средно образование без работа се 1.815, со факултет ги има 403, а работа бараат и 49 магистри на науки и еден доктор на наука.

Висока е бројката на граѓани кои се невработени повеќе години. Околу третина од евидентираните, чекаат вработување три или повеќе од три години. Над 1.000 се невработени осум или над осум години.

Последниот попис на населението покажа дека во земјава има вкупно 109.249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование. Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1 545 невработени со магистратура 60 проценти се жени.

Во земјава има и 100 невработени доктори на науки.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена