Гостивар
Верниците во Гостивар заедно го дочекаа Христовото Воскресение-За многу години!
Со радост во срцата и смиреност во душите, голем број православни верници во Гостивар вечерва заедно ја дочекаа најубавата вест во христијанството, веста за Христовото Воскресение. Гостиварци од сите возрасти и годинава го исполнија соборниот храм „Пресвета Богородица“ во центарот на градот, и целото централно градско подрачје за да му се радуваат на празникот над празниците, кој симболизира победа на животот над смртта.
По трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе, точно на полноќ се означи Велигден, денот кога Исус станал од мртвите и ја докажал својата божествена моќ. Граѓаните си честитаа како што налагаат обичаите, со „Христос Воскресна-Навистина Воскресна“ и традиционално се кршеа со велигденските јајца. На полноќ заврши и седумнеделниот велигденски пост и омрсувањето е токму со велигденско јајце.
Одбележувањето на празникот во Гостивар продолжи со утрена и литургија на Свети Јован Златоуст. На прв ден Велигден (16 април) во 17 часот во црквата ќе се служи вечерна богослужба, втора пасха со литија околу храмот.
Велигден има свои традиции и обичаи со големо значење. Црвените велигденски јајца го симболизираат повторно раѓање. Се верува дека тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата – воскреснувањето од мртвите. Палењето на свеќите пак е симбол на распространувањето на Исусовата светлина, која никогаш не гасне. По обичај свеќата се носи дома и со неа се пали кандилото.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот