Македонија
Државен испитен центар стапи во штрајк, неизвесно полагањето државна матура
Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од вчера стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.
–Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.
Оттаму апелираат Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Како што посочуваат, во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари.
Претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали во текот на денешниот ден во изјава за медиумите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ