Вести
Нови случаи во Србија: Основка со нож повредила соученичка, 14-годишно девојче се заканувало на други деца
Тринаесет годишна ученичка од Основното училиште „Втори Октомври“ во Зрењанин со нож нападнала соученичка во одделението и и’ нанела повреди во пределот на грбот, додека во Нови Сад е уапсено 14 годишно девојче поради закани на соученици и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали, јави дописникот на МИА од Белград.
Нападот во Зрењанин е регистриран утринава во 9 часот и 30 минути во женскиот тоалет во училиштето.
Повреденото девојче е префрлено во Ургетниот центар во Зрењанин и е згрижено од лекарите.
Според директорот на училиштето, Игор Китареску, се работи за површинска рана на грбот и девојчето по хируршката интервенција е пуштена на домашно лекување.
Полициски припадници во Нови Сад денес уапсија 14 годишно девојче од околината на градот, поради сомнение дека сторила кривични дела загрозување на безбедноста, предизвикување паника и неред и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали.
Се сомнева дека девојчето на социјалните мрежи им се заканувала на учениците во одделението и му давала поддршка на осомничениот за убиството во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, соопшти порталот нова.рс.
Полицијата во нејзината соба пронашла куршум од непознат калибар.
Малолетничката со кривична пријава е донесена кај надлежниот судија на Вишиот суд во Нови Сад, кој по сослушувањето и одреди мерка притвор до 30 дена.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот