Поврзи се со нас

Вести

Сите зависиме од опстанокот на пчелите

Објавено

на

Во пресрет на Светскиот ден на пчелите, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации ги повикува државите и поединците да направат повеќе напори за да ги заштитат пчелите и другите опрашувачи со цел да се заштитат екосистемите и да се обезбеди сигурност на храната.

Пчелите, како што посочуваат од ФАО, се под голема закана од повеќе фактори, како климатските промени, интензивното земјоделство, употребата на пестициди, губењето на биолошката разновидност и загадувањето.

Под слоганот „Пчелата дел од земјоделско производство кое е погодно за опрашувачите“, Светскиот ден на пчелите 2023 година има за цел да ја подигне свеста за важноста од примена на земјоделски практики кои се погодни за пчелите и другите опрашувачи, а истовремено придонесуваат за отпорноста, одржливоста и ефикасноста на земјоделско-прехранбените системи.

Амбасадата на Република Словенија и Земјоделскиот институт-Скопје, во соработка со општина Гази Баба и ФАО, денеска го одбележаа Светскиот ден на пчелите со фокус на младите. Настанот, кој се одржа во Земјоделскиот институт, ја подигна свеста на учениците за виталната улога на пчелите во одржливото производство на храна, зачувувањето на природата и зачувувањето на животот на Земјата.

Две жени, пчелар и ентомолог им покажаa на децата од основните училишта во општина Гази Баба како функционира еден семеен бизнис кој произведува природен мед. Тие, исто така, им ги објаснија разликите помеѓу пчелите и другите опрашувачи, придобивките од опрашувачите и што се подразбира под здрави живеалишта на опрашувачите. Преку дегустација на мед, децата научија за различните видови мед произведени од различни видови пчели. Дополнително, учениците ги изразија своите новооткриени сознанија за важноста на пчелите преку ликовна активност на оваа тема.

Учесниците на настанот го посетија пчеларникот на Земјоделскиот институт, донација од Република Словенија.

„Чест ми е да ве поздравам сите во нашиот Институт како домаќин на оваа специјална прослава на Светскиот ден на пчелата. Денеска се собираме да ја препознаеме непроценливата улога што пчелите ја играат во нашиот екосистем и да ја истакнеме критичната важност на нивната благосостојба за нашите земјоделски системи“, изјави Виктор Ѓамовски, директорот на Земјоделскиот институт – Скопје.

В.д. амбасадорката на Словенија, Татјана Ковачич посочи дека пчелите и другите опрашувачи се клучни за глобалната безбедност на храната.

„Секоја трета лажица што ја јадеме зависи токму од нив. Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата е можност за глобална соработка, соработка меѓу нашите две пријателски земји и солидарност за заштита на пчелите“, рече таа.

Национален тим лидер на ФАО, Кристина Митиќ Арсова посочи дека опрашувачите како пчелите, птиците и лилјаците придонесуваат за 35 отсто од вкупното светско растително производство, опрашувајќи 87 од 115 водечки прехранбени култури ширум светот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 8 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 9 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 10 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 12 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 13 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 14 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 15 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 16 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена