Поврзи се со нас

Македонија

Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација

Објавено

на

Минатата година, идентификувани се девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од нив, се деца – седум на возраст од 14 до 17 години. Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак – шест лица, а две се идентификувани како сексуална експоатација од кои едниот случај е онлајн експлоатација. Годинава, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на регионална конференција посветена на спречувањето и борбата против трговијата со луѓе.

Според министерката, мора подобро да се заштитат и да им помогне на жртвите. Посочи дека постојат повеќе услуги за поддршка на жртвите, регулирање на нивната состојба и помош за нивно закрепнување. Центарот за жртви на трговија со луѓе соодветно функционира со целосен капацитет за згрижување на шест лица.

-Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободите и безбедноста на секое општество. Нашата држава и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговијата со луѓе, како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите во регионот, да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе која е транснационален организиран криминал. Потребна е заедничка акција во која ќе се фокусираме на борбата со едно од најтемните реалности во светот денес, во која голем број на жени и мажи, момчиња и девојчиња се заробени, порача Тренчевска.

Министерството, како што додаде, ја има зголемено финансиската поддршка за Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и во целост ја финансира услугата обезбедена од здружението „Отворена порта“. Поради претрпените длабоки трауми, според Тренчевска, постои потреба од поголемо признание дека работата на рехабилитацијата не може да биде кратка програма, туку бара долгорочна инвестиција за да се обезбеди помош, поддршка, лекување, обуки неопходни за жртвите да започнат нормален, продуктивен и автономен живот.

Министерството преку Секторот за еднакви можности, Одделението за родова еднаквост има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе кој претставува рамка за соработка и координиран пристап меѓу социјалните служби, полицијата, трудовата инспекција и граѓанскиот сектор.

-Постигнат е значителен напредок во идентификацијата и справувањето со многу од социјалните, економските, културните, политичките фактори кои ги прават луѓето ранливи на трговија со луѓе, но и во формулирањето на сеопфатни политики и програми и во развојот на едукативни кампањи и кампањи за подигање на свеста. Воспоставивме пет мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на центрите за социјална работа, претставници на Министерството за внатрешни работи, на Националната единица за борба против трговија со луѓе и претставници на здруженијата граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример не само во нашата држава туку и во регионот, подвлече Тренчевска.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена