Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како влијаат миризливите свеќи врз нашето здравје?

Објавено

на

Сите ние сакаме миризливи свеќи, особено во зима кога го поминуваме дома поголемиот дел од времето. Но, експертите велат дека свеќите имаат токсичен хемиски состав.

“Нема причина за грижа доколку миризливите свеќи се користат еднаш до два пати неделно во проветрена просторија, но треба да размислите доколку палите по неколку свеќи секојдневно во мала и затворена просторија, особено во бањата, вели Хедер Патисол, професор по токсикологија од Универзитетот во Северна Каролина.

Ова се трите начини на кои миризливите свеќи можат да му наштетат на здравјето, и како да се избегне опасноста доколку и понатаму сакате да ги користите:

1. Повеќето свеќи содржат токсични супстанци

Многу свеќи се направени од парафин, материјал кој се добива како дериват на нафта од битуменозни шкрилци, и катран од камен јаглен. Парафинот може да содржи хемиски соединенија како бензен и толуен кои се ароматични канцерогени јаглеводороди.

Мирисите кои се додаваат во свеќите можат да имаат фталати, хемикалии кои ги пореметуваат хормоните, предизвикуваат неплодност, феминизирање на машкиот плод и карцином. Горењето на неколку свеќи не изложува на одредено ниво на формалдехид и ацеталдехид, кое ја надминува вредноста кога се работи за ризикот од заболување од рак.

2. Можат да ги зголемат симптомите на астма и алергија

Една студија на Американското хемиско здружение открива дека хемиските загадувачи кои се наоѓаат во парафинот можат да предизвикаат проблеми кај луѓето кои патат од астма и алергии. Дури и парафинот без мирис или на база на соја може да создаде токсини кои го влошуваат квалитетот на воздухот во внатрешен простор и да предизвикаат проблеми со дишењето.

3. Старите свеќи можат да предизвикаат труење со олово

Една студија од Универзитетот во Мичиген покажува дека некои фитили што содржат олово, кои кога свеќата гори повеќе од два часа може да предизвика труење. Чадот кој настанува од свеќата кој има олово може да создаде прекривка на мебелот или тепихот исто како пасивното пушење, и може многу да наштети на здравјето на децата.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 4 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 6 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 8 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 11 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 13 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 13 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 15 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 16 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена