Гостивар
Ноќеска во Гостивар фатен возач со 2 промили алкохол во крвта
Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска од 22 до 5 часот наутро, спровеле акциска контрола – дали и колку од возачите управуваат под дејство на алкохол, во која биле откриени и санкционирани вкупно 14 прекршоци (Тетово-9 и Гостивар-5). Кај еден од возачите во Гостивар биле измерени до 2 промили алкохол во организмот.
„Сите 14 веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност.Покрај ова, тие ќе се соочат, исто така, и со мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
СВР Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад управувач под дејство на алкохол и посебно почетниците, зашто консумирањето алкохол значително ја намалува нивната способност и концентрација за безбедно управување Ова, уште повеќе што претстои далеку поголема сообраќајна фрекфенција на патиштата и улиците на тетовско-гостиварското подрачје и посебно во втората половина на овој и наредните два месеци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот