Поврзи се со нас

Вести

Денес се слави Петровден

Објавено

на

 

Наречен празник на врховните апостоли, денешниот датум 12 јули православниот свет го слави како празник на светите апостоли Петар и Павле.  

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Апостолот Петар се смета за олицетворение на  цврстата и искрена вера, а Павле како целосно посветен на проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно: Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч. Постојат различни народни верувања за овие двајца апостоли. Според едни Петар и Павле биле иста личност, според други, тие биле браќа.

Именден денес празнуваат: Петар, Петре, Петра, Петранка, Петруна…Утре на Павловден, именден слават: Павле, Пајо, Павлина…

Утрото на Петровден се оди во црква, а оној кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и Св. Петар тој ден земал срп и жнеел.

Во минатото во Галичник на Петровден се негувала традиција на правење на свадбените веселби. Тогаш печалбарите доаѓале во родниот крај и масовно се венчавале. Некогаш во еден ден имало и по педесетина свадби.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 7 минути

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 44 минути

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 16 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 17 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 20 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 22 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 24 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена