Локални избори 2017
Слободна економска зона и развој на локалната економија, ветува Бејта
Предизборната кампања кандидатот за градоначалник на Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, денес ја продолжи со средби со граѓаните во централното градско подрачје, делење на програмата „Утрешен Гостивар“ и посета на текстилна фабрика.
„Се знае дека економијата не зависи 100% од локалната власт, но сепак ние се вложивме максимално во тој правец и успеавме позитивно да влијаеме врз гостиварската економија. Заедно успеавме да обезбедиме две важни англиски инвестиции, а исто така, во тек е реализацијата на турска инвестиција со препорака на претседателот Ердоган. Станавме попривлечни за бизнисите, бидејќи го уредивме градот. За во наредниот мандат предвидуваме да одредиме слободна економска зона и ќе работиме за поголема децентрализација. Ќе имаме и плодна соработка со нашата реформаторска влада. Но децентрализацијата ќе не направи поавтномни во работата за нашиот град. Честопати оние кои живеат во Скопје не можат да ги разберат потребите на граѓаните тука. Затоа кон утрешен Гостивар ќе се насочиме заедно, со фокус на локалната економија и вработувањето”, порача Бејта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот