Вести
Свеченост во Гостивар по повод утрешниот празник, Денот на востанието и Ден на борецот
Во пресрет на празникот 11 Октомври, Денот на народното востание и Ден на борецот, во Гостивар денес се одржа свеченост на која присуствуваа граѓани, ученици, претставници од политичките партии, здруженија и организации.
Прославата традиционално ја организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци – Гостивар, а за културно-уметничкиот дел од програмата беа задолжени основците од училиштето „Гоце Делчев“.
За историската димензија и значењето на празникот пред присутните зборуваше професорот по историја Горан Павловски.
„Овој настан од историјата е само продолжување на борбата на Македонскиот народ, која ја водеше низ вековите, а кој во поголема мера се разгори во втората половина на 19 и почетокот на 20 век. Борба која донесе големи историски настани за Македонскиот народ.“ рече во својот реферат Павловски.
Учениците заедно со своите наставници ментори подготвија рецитации посветни на татковината, борбата за слобода и вредностите кои се негуваат во Македонија.
Во знак на почит кон загинатите борци во борбите за слобода на Македонија беа положени букети цвеќе на споменикот подигнат во нивна чест во градскиот парк во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот