Вести
Повредените во вчерашната тепачка се надвор од животна опасност
Двајцата малолетници од Врапчиште, кои вчера по масовна тепачка, завршија со убодни рани на клиниките во Скопје се надвор од животна опасност, соопштуваат од полицијата. Момчињата на возраст од 16 и 17 години биле повредени во грбот и градите, најверојатно со нож.
Во известувањето на СВР Тетово за настанот стои дека се случил во дворот на Средното економско училиште во Гостивар, поточно на летната тераса од угостителски објект лоциран тука и во него учествувале две групи млади од Врапчиште и Чегране,
Според првичните сознанија на полицијата причина за насилството биле претходни недоразбирања на дел од учесниците и нивна физичка пресметка која се случила на 6-ти овој месец, како и пред една година.
„Местото на случајот е фотодокументирано, траги и предмети не се пронајдени и во координација со јавен обвинител се преземаат мерки и активности за идентификување на другите инволвирани во настанот и за целосно расчистување на сите поединости.“, соопштуваат од СВР.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!