Деца Родители
Остарено семејство – Живот во заедница или самостојно?
Период на остарено семејство го нарекуваме оној период од животот кога се соочуваме со некои неминовности како што се завршување на професионалната кариера и староста. Во овој период се јавуваат одредени болести, но и смрт на еден од партнерите.
Со староста се намалува интересот за комуникација со средината, повлекување и затворање во себе. Главната обврска на членовите на остареното семејство е евентуалната помош околу внуците. Во нашата култура бабата и дедото се уште имаат голема моќ во семејството. Тоа претставува сплет на традиционални, но и материјални причини.
Честопати младите семејства остануваат да живеат во заедница со претходните генерации. Доколку тие имаат самостојно домаќинство се воспоставуваат нови правила на изразување, на грижа и помош, која децата им ја пружаат на своите родители во староста. Квалитетот на односите зависи од многу фактори. Доколку родителите и децата биле во постојан конфликт, постои можност да се појават тешкотии и во новите односи.
За време на болест или смрт на еден од старите родители, децата се во позиција да се грижат и да им помогнат, но истовремено не го запоставуваат, туку го сочувуваат новоформираното семејство.
Најдобро е семејствата од повеќе генерации да живеат самостојно без поголемо мешање на генерации. Меѓутоа, условите за живот, новите ситуации (болест,смрт и слично) го ставаат семејството пред повторна адаптација и пред организирање нова структура и начин на семејно функционирање.
Следејќи ги животните циклуси на семејството можеме да заклучиме дека животот сепак ја победува смртта.Човекот се продолжува себе си, семејните вредности и смислата на семејството се пренесува на следните генерации.
(Следува Прилагодување на партнерите во формирање на основен семеен систем)
пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолот
Советувалиште за брак и семејство
Центар за социјална работа
Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот