Поврзи се со нас

Деца Родители

Постродителско семејство – „семејство со празно гнездо“

Објавено

на

 

Во овој период од развојот на семејството децата и родителите се соочуваат  со проблеми на одвојување, што може да предизвика стресна состојба кај членовите на семејството. Оваа промена е подеднакво болна и за родителите и за децата. Децата го напуштаат семејниот дом правејќи избор на партнер, формирајќи при тоа свое семејство.

Големината на родителството во оваа фаза е во тоа да им овозможат на своите деца да се осамостојат и да ја прифатат реалноста дека се возрасни. Природното одвојување на децата од родителите може да придонесе тие меѓусебе да се доближат, но како возрасни личности. Грижата на младите за родителите како и за третата генерација (баба и дедо) се повеќе добива квалитет  на зрели семејни релации. Кога младиот пар ќе формира семејство, особено во периодот на родителството, искуството и мудроста на нивните родители може да бидат од исклучителна корист. Внуците во секоја смисла го оплеменуваат животот на старите родители и повторно доаѓа до утврдување на новите улоги и односи.

Со улогата на баба и дедо, родителите земаат една од најубавите улоги во семејството. Пружајќи им љубов на своите внуци, бабата и дедото не смеат да ја пречекорат границата, преземајќи ја врз себе и родителската улога. На тој начин им даваат шанса на своите деца да почувствуваат благодет, но и одговорност на родителската улога.

Во фазата кога децата го напуштаат родителскиот дом треба да се воспостави нова рамнотежа. Брачните партнери по долги години во кои главна грижа им биле децата, се соочуваат со проблеми на празен дом.

Се јавува потреба од повторно прилагодување еден на друг, од организирање на времето, регулирање на меѓусебните блискости и оддалеченост. Овој период може да биде многу убав доколку партнерите му дадат нов квалитет на брачен живот.

 

(Следува – Остарено семејство)

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за Социјална работа

Гостивар

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена