Македонија
Превентивно повлечена храната за доeнчиња Целија Експерт 2 на „Lactalis“
Агенцијата за храна и ветеринарство доби известување од компанијата увозник на производите од француски “Лакталис”, дека од пазарот во Република Македонија превентивно е повлечен производот детска храна за доeнчиња – Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838.
Наведената серија на повлечениот производ е здравствено и микробиолошки исправен и во скалд со законските регулативи на земјата производител и земјата увозник, се вели во известувањето на компанијата увозник пратено до Агенцијата.
Со направените испитувања потврдена е микробиолошката исправност на сите серии од производот Целија кои се пласирани на пазарот во Република Македонија. Повлекувањето на производот, како што се вели во известувањето, направено е исклучиво заради претпазливост и со цел намалување на паниката и заштита на потрошувачите по издаденото известување од Министерството за здравство на Франција, Агенцијата за заштита на потрошувачите надлежно за францускиот пазар и препораките на компанијата “Лакталис”.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот