Вести
Од спална соба на гостиварец крадци украле накит вреден 3.000 евра
Засега непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на 45-годишен гостиварец, лоцирана на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар.
Како што соопшти полицијата, крадците влегле внатре откако насилно го отвориле прозорецот во приземјето. Целосно ги пребарале сите простории и од спалната соба одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит ( ѓердани, прстени, обетки) и бижутерија, а потоа незабележани од никого ја напуштиле куќата.
Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале во оваа кражба се проценува на 180 илјади денари, додека причинетата материјална штета изнесува 20 илајди денари.
Надлежните соопштуваат дека преземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на сторителите .
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот