Вести
Расте бројот на напади и омаловажувања на полицајци во гостиварско
Во годината што измина Секторот за внатрешни работи Тетово регистрирал вкупно 13 напади на полициски службеници, од кои седум се случиле на гостиварското подрачје. Анализите покажуваат зголемување на ваквите случаи во споредба со претходната година. Нападите целосно биле расчистени и заокружени со 14 кривични пријави.
„Најголемиот број од нападите биле извршени поединечно, додека во неколку биле инволвирани по двајца напаѓачи. Нападите најчесто се случиле при воспоставување јавен ред и мир, регулирање и контрола на сообраќајот, реализирање на асистенции или при приведување и задржување на лица“, информира СВР.
Во два од минатогодишните напади, покрај физичка сила, напаѓачите употребиле орудија и други предмети .Сите напаѓачи биле полнолетни, додека нападите завршиле со една тешка и 18 лесни телесни повреди.
Во 2017-та во полошко пријавени се и 29 навредувања и омаловажувања на овластени службеници лица, претежно полициски службеници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот