Вести
ПАП тестот може да спаси живот, но гостиварки не го прават редовно
Голем дел од гостиварки не обрнуваат внимание на заштитата на своето репродуктивно здравје. Според Институтот за јавно здравје, Гостивар е на врвот на листата на градови по бројот на жени кои добиле покана за бесплатен гинеколошки преглед и ПАП тест, а не посетиле гинеколог. Поканите се доставуваат согласно Програмата за рано откривање на рак на грлото на матката на Министерството за здравство.
Лани таа можност ја искористиле само околу 40% од жените. Биле испратени покани до вкупно 2.707 жени, а на преглед и ПАП тест отишле 1.172 од нив. Кај три од жените во Гостивар преку раниот скрининг биле откриени промени кои укажувале на канцер. Ова доволно говори за важноста од редовни прегледи и ПАП анализи, потенцираат лекарите.
Програмата за рано откривање на рак на грлото на матката ќе продолжи да се спроведува и оваа година. Предвидено е да се опфатат жените од 24 до 35 години.
„Главната цел на оваа програма е преку бесплатен гинеколошки преглед и ПАП тест да се дојде до рано откривање на рани стадиуми на рак на грло на матката со што се овозможува конзервативо лекување или пак со мали хируршки интервенции. Цел е истотака, намалување на бројот на новозаболени жени од рак на грло на матка и намалување на смртноста кај овие пациенти“, потенцира прим.д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог во гостиварската служба на Центарот за јавно здравје.
Лани, освен опфатените во програмата за ран скрининг во одделението за цитологија во гостиварската болница биле анализирани околу 4.400 ПАП тестови. Препорака на лекарите е секоја жена еднаш годишно да направи превентивен преглед и анализи.
Ракот на грлото на матката е на трето место по застапеност од малигните заболувања на женските гениталии. Проценките се дека 1 до 2% од жените над 40 години ќе развојат рак на грло на матката.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ