Вести
Во Гостивар нема ниту едно згрижувачко семејство
На подрачјето на Гостивар не заживеа формата на згрижувачки семејства како начин да се обезбеди топол дом и грижа за деца без родители и напуштени малолетници. Кампањите, едукацијата на семејствата, напорите на социјалните тимови да ја подигнат свеста кај граѓаните во однос на тоа прашање, до сега не вроди со плод. Граѓаните не се мотивирани да одгледуваат дете во својот дом и покрај надоместокот кој државата го плаќа. Во Гостивар нема ниту едно регистрирано згрижувачко семејство.
„За жал, на гостиварското подрачје нема традиција за згрижувачки семејства. Како Центар за социјална работа сме преземале низа активности во таа насока, да се изнајдат семејства, да се мотивираат, но нема некакви резултати. И покрај тоа што предвиден е месечен надоместок од 10 илјади денари за семејствата кои ќе грижат дете во својот дом, интерес нема“, вели Надица Величкоска, директор на Центарот за социјална работа Гостивар
Околу 40-тина дечиња без родителска грижа од регионот на Гостивар кои се сместени во домови за деца без родители, чекаат згрижување. Стручните служби полагат надеж дека сепак свеста кај граѓаните ќе се промени и дека во иднина гостиварските семејства ќе ги отворат вратите од своите домови за таквите деца.
„Како стручен тим секако сметаме дека за децата е подобро да растат и се развиваат во семејство, отколку во услови во дом за деца без родители“, оценува Величкоска.
Во улога на згрижувачки семејства можат да се јават сите семејства кои ги исполнуваат законските услови, определена возраст и обезбедени услови за нормално одгледување на детето. Во Македонија има околу 220 згрижувачки семејства. Пред повеќе години деца од Гостивар беа згрижени во семејство во Крушево, каде што се уште живеат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот