Поврзи се со нас

Вести

Зенки со коментар: Министерството изврши атентат врз Центарот за култура во Гостивар

Објавено

на

Директорот на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, Луан Зенки изразува големо незадоволство од годишната Програма на Министерството за култура и вели дека за установата која ја раководи се одобрени многу мал број проекти и ниски износи за нивна реализација. Потенцира дека годинава ќе нема доволно пари ни за одржување на објектот, ниту за културни настани и дека Министерството одбило значајни проекти и манифестации за Гостивар.

„Прво добивавме пофалби дека сме многу успешна установа, дека промовираме културни вредности и слично и на крај од цело буре добивме само една лажица. Ова е катастрофа. Ние сме тотално демотивирани. Ако Гостивар нема ликовни уметници, светски познати кои заслужуваат целосна поддршка, тогаш кој има. Сумите што ги одобриле за изложби се смешни. Не може нашата институција со целата инфраструктура со која располага, да не е поддржана со ниту една драмска претстава. Лани скоро секој месец правевме по една претстава, а сега ништо нема. Не помина ниту поетскиот фестивал Литературни искри на кој толку многу сме работеле и се правеше за 24 мај. Зарем на комисијата и на Министерството не им е важна манифестација по повод Денот на словенските просветители“, вели директорот.

Министерството прифатило 15-тина проекти на гостиварскиот Центар за култура и речиси за сите одобрило помалку пари отколку што било побарано. Така, за манифестација по повод Велигден, Центарот барал 180 илјади денари, а Министерството одобрило 60. За Денот на Албанската азбука побарани се 150, а добиени 10 илјади денари. За одбележување на 2 Август, Центарот барал 550 илјади денари, а добил 150. Самостојните изложби ќе треба да се реализираат со буџети од 20 до 30 илјади денари, а прифатени се и три колективни изложувања во Гостивар.

„Невладини организации за кои никој не слушнал и кои не биле активни со години, добиваат по 10 илјади евра, а ние како институција со екипа, со адреса, со сала, со сите можности, добиваме минимални суми. Не знам тие комисии и Министерството што правеле. Очекувавме многу поголема поддршка. Ова е директен атентат врз културата и врз Центарот во Гостивар“, коментира Зенки и најавува дека ќе поднесат приговори до Министерството.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 10 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 14 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 15 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 17 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 19 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 20 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена