Вести
Одбележани 74 години од Февруарскиот поход
Членови на гостиварската боречка организација, ученици, претставници на политички партии и здруженија денес во Гостивар одбележаа 74 години од Февруарскиот поход.
Меморијалниот собир по повод овој историски настан го организираше Општинскиот одбор на сојузот на борци – Гостивар, пред споменикот на Чеде Филипоски-Даме на градскиот плоштад.
За значењето на пошироките борбени операции на македонската партизанска војска од 1944 година, познати како Февруарски поход се осврна престедателот на Сојузот на борци, Радислав Ѓиноски. „Тој февруари како да се здружил со фашистите против голораките борци, пишува Киро Сотироски Строгов и самиот учесник во походот. Имало снежни виулици, јак студ, а борците слабо облечени, со дотраени обукви, без доволно храна, но со голема љубов и гордост чекореле борците. Учесниците во овој поход биле претежно млади луѓе, но свесни за големината на времето, подготвени да жртвуваат се за слободата“, истакна Ѓиноски.
Одбележувањето на годишнината од Февруарскиот поход се заокружи со положување свежо цвеќе на споменикот на народниот херој Чеде Филипоски-Даме, учесник во овие борбени операции. Букети положија делегации на Сојузот на борци, Здружението на пензионери, Општинската организација на СДСМ и Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Во Февруарскиот поход учествувале четириесетина борци од гостиварското подрачје, а неколку од нив го загубиле животот во борбите со непријателските сили
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар