Вести
„Семејството во духот на мултикултурата“, презентација во ОУ „Единство“ – Гостивар
Ученици од деветтите одделенија од македонските и албанските паралелки заедно со своите наставници ментори, од гостиварското основно училиште „Единство“ одржаа презентација на двата јазика на тема „Семејството во духот на мултикултурното општество“. Настанот се организираше во рамки на проектот „Почитувај ги различностите“, што го спроведува Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи во соработка со локалната самоуправа и ОБСЕ.
Целта е низ обработка на различни теми кои ги засегаат младите, да се подигне свеста за надминување на предрасудите, стереотипите и да се поттикне и развива соживотот, мултикултурата и толеранцијата.
„Денешниот настан е уште еден придонес на нашето училиште во насока на подигнување на мултикултурното почитување и соживот, за кои цели повеќе години наназад спроведуваме најразлични активности и проекти“, рекоа од ОУ „Единство“.
Проектот се реализира и во училиштата „Гоце Делчев“ и “Мустафа Ќемал Ататурк“
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот