Поврзи се со нас

Вести

Вежба во ОУ „Гоце Делчев“ – учениците евакуирани за минута и половина

Објавено

на

Учениците и персоналот на гостиварското основно училиште „Гоце Делчев“ денес имаа практична вежба како да постапат во случај на земјотрес пропратен со пожар и да избегнат несакани последици, повреди и паника. Според протоколот учениците најпрво се сокрија под клупите, а потоа координирани од наставниците го напуштија училишниот објект и излегоа во дворот. Вежбата се спроведе успешно и учениците беа евакуирани за околу минута и половина.

„Показната вежба е најдобар начин да ни се врежи во меморијата што треба да правиме во ваков случај на елементарна непогода. Ние имаме напишани протоколи и документација, но многу е поголем ефектот кога тоа практично се изведува“, изјави Сашо Шарески, директор на ОУ „Гоце Делчев“

Денешната вежба ја организираше Црвениот крст од Гостивар во соработка со Противпожарната единица, Брзата Помош, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

„Упатуваме благодарност до сите институции кои учествуваа во спроведувањето на активноста, која има за цел да ги едуцира учениците и вработените кои мерки треба да ги преземат кога има земјотрес“, рече Мерита Алили, секретар на ОО Црвен Крст Гостивар

Со ваквите активности се цели да се намалат ризиците при појава на природни катастрофи.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 минута

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 15 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 17 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 19 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 21 час

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 23 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 24 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 1 ден

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена