Поврзи се со нас

Вести

Формиран локалниот Совет за превенција во Гостивар

Објавено

на

Денес во кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари се одржа конститутивната седница на локалниот Совет за превенција на Гостивар, тело во кое членуваат првите луѓе на општината, полицијата, судот и јавното обвинителство. Советот ќе се посвети на справување со проблеми врзани околу безбедноста, девијантни појави, сообраќајот, елементарни непогоди и слично, на територијата на општината.

„Сакаме да испратиме порака до граѓаните дека институциите функционираат, се почитуваат и дека се подготвени да соработуваат и заеднички да делуваат за да се превенираат проблемите. Се надевам дека ќе бидеме добар пример за сите други општини. Се договоривме да имаме состаноци секоја втора недела, односно првиот и третиот понеделник од месецот. Денес на конститутивната седница се запознавме едни со други, одредивме начини на соработка, а веќе на наредниот состанок ќе имаме конкретен дневен ред“, изјави градоначалникот.

Постојани членови на Советот за превенција се градоначалникот, командирот на ПС Гостивар, челните луѓе на Основиот суд и Јавното обвинителство. Во работата по потреба се вклучуваат и други институции, зависно од темите и проблематиката.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена