Вести
Какво време носи викендот во Гостивар?
Деновите од викендот во гостиварскиот регион ќе владее топло, претежно сончево време. Сепак, за да стигнеме до сончевите сабота и недела, треба да ја поминеме нестабилноста, облаците и условите за врнежи кои се очекуваат денес, петок.
Сонцето денес изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде 20 часот и 8 минути. Утринската температура се движеше околу 12 степени, додека дневната ќе достигне до 28. Метеоролозите прогнозираат можност за краткотрајни врнежи со грмотевици во текот на денот.
Утре, сабота настапува стабилизација, сончево небо и покачување на температурата која преку денот, ќе достигне 32 степени. Индексот на УВ зрањето ќе биде висок, со вредност 10 и се препорачува заштита на кожата, главата и очите при подолго изложување на сонце.
Во недела ќе се задржи топлото време, температурата ќе порасне до 33 степени и ќе биде сончево и стабилно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот