Македонија
Пари за земјоделците од Програмата за рурален развој за систем „капка по капка“ и бунари
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството ја објави Мерката „Набавка на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари, и други зафати на површинска вода.“ од Програмата за рурален развој. Преку оваа мерка на располагање на земјоделците се 20 милиони денари со кои земјоделските стопанства ќе може да набават систем за наводнување капка по капка, да направат конструкција на бунари и други зафати на површинска вода.
„За овие Мерки ќе може да аплицираат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата за добивање на финансиските средства се поднесуваат електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе секое поединечно земјоделско стопанство изнесува 1.800.000 денари за земјоделците кои ќе аплицираат за систем за наводнување, додека за инвестиции во бунари максималната сума е 364 илјади денари“, вели директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Парите се наменети за: подземни системи за наводнување капка по капка, набавка на опрема и приклучна опрема за системот за наводнување филтри, фертиригатори, пумпи, цевки и спојни елементи), набавка на опрема и приклучна механизација за поставување и собирање на системот капка по капка, опрема за електрична инсталација за снабдување со електрична енергија, вклучително и опрема за енергетска ефикасност и опрема за производство на одржливи енергии, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, компјутерска опрема за функционирање, управување и контрола на системот за наводнување и софтвер, услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи вклучително и инсталирање на опремата и софтвер, услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација.
„Избирањето ќе биде по принцип на рангирање, а ако одредени апликанти имаат ист број на бодови ќе се земе предвид прв дојден прв услужен. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу 2 барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. “, вели Бабовски.
Според правилата на Програмата , апликантите освен барањето кое треба да биде своерачно потпишано, заедно со податоците за локација на инвестицијата, ќе треба да прикачат и понуда, профактура за предложената инвестиција и деловен план изготвен согласно предвидениот образец „деловен план“.
Краен рок за аплицирање е 21 август.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот