Македонија
Жешкото време удира по здравјето – пијте вода, барајте сенка и јадете лесна храна
Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните како да се заштитат од топлотен бран. Високите температури влијаат негативно на здравјето на луѓето, ја влошуваат состојбата кај хронично болните, но се ризик и за здравите лица кај кои можат да се јават и акутни ефекти како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви и др. ИЈЗ советува:
-За време на најтоплиот период во денот (од 10 до 17ч.) избегнувајте напорна физичка
активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи
завршувајте ги до 10ч или после 17ч.
-Носете светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
-Останете во затворени климатизирани простори, на температура од 23-25 о С. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
-Внесувајте големо количество течност (не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од
обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте
алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
-Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо –калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
-При неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
-Кога сте во своето возило – отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на
воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во
возилото!
-Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот