Занимливости
Научниците открија каде лежи храброста кај човекот
Додека Џ.Р.Р Толкин, пишуваше дека храброста може да се најде на невообичаени места, научниците, навистина открија каде се наоѓа храброста.
Истражувачите од универзитетот во Упсала и бразилскиот државен универзитет, открија дека група на ќелии „закопана“ во хипокампусот на човечкиот мозок, игра важна улога во соочувањето на нашите стравови.
Научниците објаснуваат дека со манипулација на невронските ќелии oriens-lacunosum moleculare (OLM), може да се влијае на тоа колку е личноста загрижена или колку е подготвена да ризикува.
„Откривањето на улогата на овие неврони, покажува што е основата на когнитивните и емоционалните процеси на храброста и води кон нов начин, преку кој, лекарите би можеле да ја лечат анксиозноста кај луѓето“, вели авторот на студијата, др. Сања Микуловиќ.
„ОЛМ ќелиите ги синхронизираат регионите на мозокот, кои ја контролираат анкциозноста, или барем ја минимизираат“, додава Микуловиќ.
Истражуваќите објаснуваат дека развојот на антидепресивите, осмислени да влијаат на овие ќелии, можат да допринесат за поефикасно лекување на анкциозноста. Истиот истражувачки тим, утврдил дека ОЛМ ќелиите се многу чувствителни на никотин, што укажува на тоа дека овие ќелии можат да објаснат, зошто луѓето пушат кога се нервозни.
Без огле со каков страв се соочувате, мала манипулација на ќелиите од вашиот хипомакпус, е она што ви е потребно за да станете похрабри.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот