Занимливости
Шест чекори до совршено чисти плочки во тоалетот
Нема подобро чувство, од тоа да влезете во чист тоалет. Меѓутоа, и самите знаеме дека тоа секогаш не е возможно, бидејќи немаме време секојдневно да го чистиме темелно. Најголем дел од тоалетот го сочинуваат плочките, на ѕидовите и на подот.
На ѕидните плочки најчесто се собира маснотија, од водената пареа, прскањето на шампонот и други препарати, кои ги користиме во нивна близина. Затоа, можеби на прв поглед изгледаат чисто, но на нив со сигурност се наоѓа маснотија, која е не е видлива со голо око.
Во продолжение, ви приложуваме неколку совети, како темелно да ги исчистите плочките во тоалетот, еднаш дневно, за да уживате во нивната чистотија.
Ичистете ги со правосмукалка
Единствено, само со правосмукалка, ќе бидете во можност, во потполност да ја исчистите прашината, влакната и останатите валкани материи, кои се собираат на нив. Откако ќе завршите со ова, плочките се подготвени за чистење.
Загрејте ги плочките
Додека ги бришете останатите површини и огледалото, пуштете жешка вода во лабавото и во кадата. На тој начин, плочките ќе се загреат и ќе станат повлажни, а со тоа ќе омекнат и масонитите, кои се наоѓаат на нив.
Нанесете средство за чистење и не брзајте
На многу средства за чистење им треба малку време, за да почнат да делуваат. Затоа немојте да брзате. Откако ќе го нанесете средство за чистење на плочките, обрнете внимание на друга работа и почекајте неколку минути, а потоа можете да ги избришете плочките.
Чистете од врвот кон дното
Откако средството за чистење почнало да делува, можете да почнете со чистење, од врвот кон дното. На тој начин, нема непотребно да ги размачкате валканите материи, туку ќе ги насочите кон подот и ќе ги соберете.
Плочките избришете ги со грубата страна на сунѓерот
За да бидете сигурни дека во потполност сте ги извадиле сите бактерии и маснотијата од плочките, откако го оставивте средството на плочките, за тоа да дејствува, пребришете ги со грубата страна на сунѓерот.
Исушете ги плочките
Погрижете се откако ќе завршите со чистење на плочките да бидат суви, за по грешка да не стапнете на нив и да ги размачкате. Ако не сте во можност да отворите прозорец, оставете ги да се исушат од воздухот
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот