Поврзи се со нас

Вести

Втор повик: По 250 евра од државата за одмор за семејства со ниски приходи

Објавено

на

Министерството за економија денес (25 октомври) го објави вториот јавен повик за издавање на потврда за одмор за работници со ниски примања.

За ваучер од 15 илјади денари може да се пријават работници чии месечни приходи во семејството не надминуваат 22.000 денари. Освен барањето треба да се достават и неколку други документи:

-потврда од работодавецот за висината на исплатена нето плата од последните три месеци и извод од банка за последните три месеци за подносителот на барањето како и на членовите на семејството, доколку се вработени.

– Доколку истите не се вработени потребна е потврда од Агенцијата за вработување со која тоа се докажува,

-фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на семејството кои заедно со него ќе го користат одморот и

-изјава дека барателот лично или со членовите на семејството  кои се наведени во барањето ќе го користат одморот.

-изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци

За вонсезонски одмор во траење од пет дена во некој од трустичките центри во Македонија, за семејствата ќе бидат обезбедени по 15 илјади денари.

Барањата заедно со комплет документацијата се поднесуваат во Министерството за економија, најдоцна до 9 ноември.

„Основна цел на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона“, соопштија од Министерството.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 15 минути

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 8 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 9 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 12 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 12 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 13 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 14 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена