Вести
Во понеделник се отвора Саем на книгата во Гостивар
Во спортската сала „Младост“ во понеделник ќе биде отворен Саем на книгата “Гостивар 2018”. На задоволство на љубителите на литературата, манифестацијата ќе трае три дена, со учество на петнаесетина издавачки куќи од Македонија и од Албанија. На штандовите ќе бидат изложени книги од домашни и странски автори од различни жанрови – современи и класични книжевни дела, стручна и научна литература и белетристика, лектири, енциклопедии, книги од областа на културата и уметноста и друго.
Саемот го организира општина Гостивар, во соработка со Здружението на албански издавачи – Македонија.
“Го организираме овој саем за да ги сензибилизираме посебно младите луѓе и да испратиме порака дека и покрај тоа што живееме во време на напредна технологија, читањето книга е незаменливо. Ги поканувам граѓаните да станат дел од овој саем, кој за прв пат се организира под покровителство на Општина Гостивар и кој ќе биде мошне богат со книги “, вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Во рамки на манифестацијата ќе се одржи изложба на детски цртежи, музички настан за млади и други содржини.
Свеченото отворање во понеделник (26 ноември) е во 12 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот