Поврзи се со нас

Вести

3 декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Објавено

на

Денеска е 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Секоја година Обединетите Нации објавуваат тема која што го одбележува овој ден. Оваа 2018 година таа тема гласи: „Оспособување на лицата со хендикеп и обезбедување инклузивност и еднаквост“.

Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на нивните заедници. Овој ден се одбележува уште од 1992 година кога Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи 3 Декември за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби и се одбележува насекаде низ светот.

Денес се смета дека најмалку 10% од светската популација или 650 милиони луѓе живеат со попреченост. Овој број во неразвиените и земјите во развој е значително поголем за разлика од развиените и побогати земји. Околу 20% од сиромашните луѓе во светот се лица со посебни потреби. Во многу земји со ниски и средни приходи, само 5-15% од луѓето со посебни потреби, кои бараат асистивни уреди и технологии, имаат пристап до нив. Статистиката вели дека процентот на деца со посебни потреби кои не посетуваат училиште е крајно променлив и е помеѓу 65 – 85% во некои африкански земји.

Сепак, секоја држава се труди да им помогне на овие лица со посебни потреби со цел полесно пробивање низ животот. Во Република Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет.

Во свечената сала на Владата на Република Македонија, ќе се одржи настан на тема „Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост“. Обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски, шефот на делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар и претставник на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 7 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 9 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 11 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 14 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 15 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 18 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена