Вести
Во ноември над 1.000 сообраќајни прекршоци на гостиварското подрачје
Минатиот месец на гостиварското подрачје полицијата вкупно контролирала 2.246 возила и открила 1.053 сообраќајни прекршоци.
Од сообраќај биле исклучени 105 возила (45 технички неисправни, 50 со истечена регистрација, 6 со претовар, а преостанатите поради други недостатоци). Исклучени биле и 135 возачи (95 без положен возачки испит, 29 почетници, 13 кои управувале под дејство на алкохол и др.).
Во ноември во гостиварско регистрирани се 13 сообраќајни несреќи, од кои 8 во населено место и 5 на отворен пат. Во нив нема загинати и тешко повредени лица. Пет несреќи завршиле со исто толку лесно повредени лица, додека во 8 причинета е само материјална штета.
Според евиденцијата на полицијата, најчести причини за сообраќајките се неприлагодена брзина според условите на патот, неправилно вршење дејствие и непочитување првенство на минување.
Откриените прекршоци во ноември биле заокружени со 262 прекршочни, 448 мандатни платни налози, 30 писмени опомени и со 185 впишувања на негативни бодови.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот