Поврзи се со нас

Вести

65 годишна гостиварка е жртвата во денешната несреќа во Малеарди

Објавено

на

Полицијата даде официјални информации за несреќата која се случи денес во гостиварската населба Малеарди.

„Товарно возило „Мерцедес“ со приколка со гостиварски регистерски таблици, што го управувал 51-годишниот гостиварец А.Т, удрил во 65-годишната гостиварка П.Ц. како пешак. Од удирањето, жената починала на самото место, а лекарите од Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, ја констатирале нејзината смрт.“, извести СВР Тетово.

Според првичните сознанија од обвинителство, жената поминувала на пешачки премин. Јавниот обвинител нареди обезбедување и прибирање на траги од лице место, вршење на сообраќајно техничко вештачење и обдукција на починатото лице. Побарани и обезбедени се видео записи од околните камери, а возачот се наоѓа во полициска станица.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена