Поврзи се со нас

Вести

Уште една драма со „happy end“ на КК Гостивар, падна и Куманово

Објавено

на

Уште една драма со „happy end“ завршница, во режија на кошаркарите на КК Гостивар, за која очигледно стануваат специјалисти. Овојпат партнер во драмата беше екипата на КК Куманово, загубија во Гостивар (81:78).

Тежок и неизвесен натпревар од самиот почеток, тешко се одвиваа нападите и на двете страни, првата четвртина ја добија гостите со резултат 19:23, втората им припадна на домаќините 22:12, се чинеше дека работите одат во посакуван правец за „бело-сините“ од Гостивар. На полувреме се замина со резултат 41:35.

Во вториот дел ништо не најавуваше неизвесен натпревар. Се играше кош за кош, се до периодот кога Куманово влезе во серија и со две погодени тројки изедначи на 55:55. Од тој момент почнува драмата во Младост. Куманово успеа да поведе дури и да ја зголемува предноста, на 6 минути пред крај имаа предност од +9 поени. Во нити еден момент кошаркарите и публиката на КК Гостивар не се предадоа, полека ја топеа разликата. Костоски успеа да запише 9 поени во серија. Петата лична на Сегариќ, го внесе Ефианаи во игра, кој на 50 секунди пред крај, на неговото деби за гостиварскиот тим, за вистински „happy end“ погоди за три поени со кои Гостивар поведе, а салата Младост експлодира. Куманово успеа уште еднаш да израмни, но и Костоски беше сигурен од линијата за слободни фрлања. КК Гостивар победи 81:78.

Александар Костоски беше најефикасен кај Гостивар со 22 поени, Фурстингер запиша 11. Кај Куманово Думиќ беше најрасположен со 18 поени.

Со оваа победа „бело-сините“ се зацврстија на 4-тата позиција, со скор 8-4 и 20 бодови. Во следното коло Кошаркарскиот клуб Гостивар е слободен.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 3 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 6 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 6 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 7 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 8 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 8 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена