Поврзи се со нас

Гостивар

Благодарница од општина Гостивар за хероите од Ласкарци

Објавено

на

Претставници од Месната заедница од селото Ласкарци, чии жители први притрчаа во помош при трагичната автобуска несреќа на 13 февруари, денес беа во општина Гостивар. Градоначалникот Арбен Таравари им врачи Благодарница и упати огромна благодарност во име на сите граѓани, за пожртвуваноста и хуманоста на жителите кои помогнаа да се спасат човечки животи.

„Ноќта од тринаесетти февруари беше трагична вечер за Гостивар и за Македонија. Ние секогаш ги спомнуваме 15-те жртви, но многу важна ни е таа бројка од 38 луѓе кои се живи и повеќето од нив се во своите домови. Луѓето од Ласкарци најмногу придонесоа за тоа, тие се бореа за да спасат 38 животи. Од срце им благодарам. Тие одржаа лекција за хуманост и солидарност, како луѓето треба да помагаат едни на други“, изјави градоначалникот.

Претседателот на месната заедница на Ласкарци, Самед Мисини рече дека се` уште се потресени и растревожени од трагедијата. „Луѓето од селото го дадоа својот максимум за да помогнат. Сите сме длабоко погодени од големата несреќа и тешко е воопшто да се зборува за тоа“, рече Мисини.

Таравари најави дека во текот на утрешниот ден ќе го посети местото на несреќата и селото Ласкарци за лично да им се заблагодари на спасувачите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 5 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 7 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 9 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 12 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 13 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 16 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 17 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена