Гостивар
Конференција во Гостивар: Поголем ангажман од институциите, повисока еколошка свест од граѓаните
Институциите повеќе да се ангажираат за намалување на загаденоста на воздухот, а граѓаните да соработуваат и да ја подигнат еколошката свест. Ова беше еден од главните заклучоци на денешната конференција, што се одржа во Гостивар во рамки на проектот „Каков воздух сакаме?“. Пред присутните беа промовирани брошури и друг промотивен материјал со информации за изворите на загадување, важноста од рециклажа на сметот како и начините на кои секој поединец може да придонесе за почист воздух.
Проект, кој траеше четири месеци се спроведе со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Германија. На конференцијата денес се обрати германскиот Амбасадор, Томас Герберих.
„Интеграциите во НАТО и ЕУ носат многу предизвици, а квалитетот на воздухот е еден од нив, тоа е проблем на кој мора сите заедно да работите. Неопходно е институциите да покажат поголема ангажираност, а граѓаните повисока еколошка свест. Во овој проект во Гостивар, беа вклучени граѓански здруженија, ученици, институции и ние сме задоволни од сработеното и резултатите. Ќе продолжиме и понатаму да поддржуваме вакви активности.“, рече Амбасадорот.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари нагласи дека податоците и препораките коишто произлегле од овој проект во голема мера ќе помогнат во изработувањето на локалниот Стратешки план за животна средина, што го подготвува општина Гостивар.
Во рамки на проектот Каков воздух сакаме?, во осум училишта на подрачјето на гостиварската општина ќе бидат поставени посебни канти за рециклирање на отпад.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот