Поврзи се со нас

Гостивар

Збогум градинке – Завршна приредба на дечињата од градинките во Гостивар

Објавено

на

Преполна сала, исполнети срца, шаренило, насмеани и разиграни дечиња. Ваква беше атмосферата на денешната завршна приредба на дечињата од големите групи од гостиварските градинки. Како што е редот, со песни и рецитирање се збогуваа со градинката и нивните учителки, кои им беа втори мајки во изминатите години. Од септември, како првачиња пред нив се нови предизвици во училиште.

Оваа генерација брои 150 дечиња, Македонци, Албанци, Турци и Роми.

„Од мое лично име и од името на целиот колектив им посакуваме да имаат многу успех понатаму и да прераснат во успешни и драгоцени личности“, рече Мирјана Мицоска, директорката на Јавната Установа „Детска радост“ во чиј склоп функционираат градинките во Гостивар.

Салата во Центарот за култура беше полна со родители, баби, дедовци, другарчиња кои  беа дојдени да погледнат што подготвиле дечињата, со помош и поддршка на своите учителки. Дечињата преку песни и игри испратија пораки за среќно детство, за мир и радост во целиот свет како и за успеси во училишните клупи.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена