Гостивар
Во Гостивар 65 заболени од морбили, 19 се бебиња и мали дечиња

Расте бројката на заболени од мали сипаници на гостиварското подрачје. Од првите случаи, кои беа регистрирани во февруари до денес, има вкупно 65. Според евиденцијата од епидемиолошката служба во Гостивар, статистиката по месеци изгледа вака: февруари 7 заразени, март 12, април 21, мај 23 и во јуни до сега 2.
„Го анализиравме вакциналниот статус на заболените и констатиравме дека најголемиот дел се невакцинирани лица, или вкупно 33, додека 16 има кои се вакцинирани со една доза и 16 кои биле вакцинирани со две дози. Да појасниме дека во однос на лицата кои ги примиле двете дози, а се заболени, станува збор за подолг временски период кој поминал од ревакцинацијата, над 10 години. Затоа што вакцините не штитат доживотно. Сепак, тие граѓани иако се заразиле, поминуваат со многу полесна клиничка слика и без компликации.“, изјави прим. д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог и нагласува дека вакцината е единствен начин да се превенира ширењето на морбилите: „Апелираме сите оние кои не се вакцинирани, да ги примат вакцините. Децата од претшколска и школска возраст во службата за вакцинација во Здравствениот дом, а останатите во епидемиолошкото одделение.“
Според возраста, заболени се 19 дечиња до 4 годишна возраст, 9 ученици од 6 до 19 години, 13 млади лица од 20 до 29 години и 24 лица кои имаат над 30 години.
Минатата недела беа регистрирани шест случаи на заболени работници во фабриката Леар и официјално кај оваа бројка нема промени до сега.
На територијата на целата држава е прогласена епидемија на морбили.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите