Македонија
Започна пријавувањето за субвенции за рибарство
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој објавува Јавен повик за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година. Право да аплицираат имаат сите субјекти кои ги порибиле рибниците со порибителен, материјал во периодот од 1- ви февруари до 30- ти мај, и поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал.
Директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, информира дека средствата се исплаќаат скалесто:
– за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
– за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
– за купен или сопствен подмладок од 5000 кг до 7500 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
– за купен или сопствен подмладок над 7500 – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.
Аплицирањето трае до 15-ти јули, а деталните услови кои треба да ги исполнуваат барателите се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2019 година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот