Гостивар
Новиот кров на ОУ „Гоце Делчев“ ќе се гради во август – Гостиварскиот Совет даде зелено светло за проектот
Летово ќе се гради нов кров на училишната зграда на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, а проектот ќе се реализира со пари од општинскиот буџет и донација на УНДП.
Советот на Општина Гостивар денес даде зелено светло за спроведување на проектот, а претходно со ребалансот на буџетот како што пишувавме, во делот на капитални трошоци за таа намена беа распределени 6,2 милиони денари.
Според најавите од локалната самоуправа, договорот со донаторите, во кој ќе се прецизираат деталите, ќе биде потпишан следната недела. Веднаш потоа ќе се почне со неопходните тендерски процедури, а работите на терен би требало да стартуваат во текот на август.
Руинираниот кров на ОУ „Гоце Делчев“ долги години е најгорливиот проблем за учениците, родителите и наставниот кадар, кои мака мачат наесен и во зима со прокиснување во училниците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот