Гостивар
За зонски паркинг во Гостивар се воведуваат неделни, двонеделни и месечни билети
Претпријатието за паркинг во Гостивар од денес започнува со издавање на неделни, двонеделни и месечни билети за зонско паркирање во градот.
Како што објаснуваат од претпријатието, идејата првенствено е да им се излезе во пресрет на печалбарите, полесно да се снајдат со регулирање на плаќање за паркинг места.
“Ја воведовме оваа услуга со цел додека престојуваат во родниот крај, на иселениците да им го олесниме паркирањето на возилата, бидејќи во изминатите години имавме поплаки од нивна страна дека се соочуваат со тешкотии при испраќање на смс пораки, затоа што најчесто користат мобилни телефони со броеви од странство. Но, тоа не значи дека овие услуги нема да можат да ги користат и постојаните жители на општина Гостивар “, вели директорот на претпријатието, Беким Челебиу.
Во централното градско подрачје ќе се отворат наплатни пунктови од кадешто ќе можат да се купуваат билетите, кои ќе бидат означени со посебни натписи: Parking tickets. Цената на неделниот билет е 750 денари, двонеделниот чини 1.500, додека месечниот е 3.000 денари.
Друга новина во врска со зонскиот паркинг во Гостивар е што повеќе нема да се користат блокатори за непрописно паркираните возилата и ќе се плаќа единствено соодветната законска казна.
Општина Гостивар апелира до возачите да се придржуваат кон правилата за зонско паркирање, за да се избегнуваат несакани последици и да се држи ред во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот