Гостивар
Неколку лица повредени во судир на две возила во Гостивар
Ноќеска во Гостивар регистрирана е сообраќајна несреќа во која со повреди завршиле четири лица. Како што соопштува полицијата, околу 3 часот и 50 минути, на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со улицата „ЈНА“, се случила несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „Фолксфаген ЕОС“ со германски регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот И.С. од гостиварско Дебреше и „Фолксфаген Голф“ со гостиварски таблици, што го управувал 19-годишниот Х.С. од Здуње.
Во несреќата, 27 годишниот дебрешанец, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на „голфот“ и сопатниците Ј.Б. на возраст од 40 и Ф.Б. на возраст од 50 години од Здуње, завршиле со полесни телесни повреди. Повредените биле пренесени во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид и се работи на утврдување на причините за несреќата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот