Поврзи се со нас

Македонија

Отворен конкурсот „Нов културен бран“ – проектите во Гостивар добиваат 7 бода за локацијата

Објавено

на

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање на проекти во рамки на манифестаицјата „Нов културен бран“ во 2019 година.

Манифестацијата има цел да ја поттикне, активира независната културна сцена и да создаде еднакви можности за сите.

Право на учество на Конкурсот, кој ќе трае до 30 август 2019 година, имаат здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата.

Предлог-проектите може да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво, како: самостојни и групни изложби; солистички, камерни, симфониски и фолклорни концерти, рок- и џез-концерти; театарски претстави и филмски проекции или, пак, содржините да имаат мултимедијален и интердисциплинарен карактер (акции, ликовни интервенции во урбан простор, хепенинзи, перформанси и сл.). Локациите за нивно одржување може да бидат во јавни и во алтернативни простори, како и во нефункционални, руинирани објекти или простори кои може да се „оживеат“ и да се „рестартираат“ како уметничка сцена.

Проектите може да добијат максимум 100 бода, врз основа на повеќе критериуми: содржина, квалитет, ефект врз заедницата и слично. Се бодува и локацијата, па така проекти во Полошкиот регион, во кој спаѓа и Гостивар добиваат 7 бодови. Масимумот бодови за локација е 10, а минимумот изнесува 3.

Настаните од манифестацијата „Нов културен бран“ треба да се одржат од 20 септември до 15 ноември.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена