Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар се одржа свеченост по повод 23 Октомври

Објавено

на

Со свечен собир и пригодна културно-уметничка програма, во Гостивар беше одбележан Денот на Македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври. Прославата по повод празникот ја организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци, во соработка со ОУ „Гоце Делчев“, а започна со интонирање на државната химна од страна на училишниот хор.

„Во име на Сојузот на борци ви го честитам овој голем и значаен празник од македонската историја. Без разлика кои сме и што сме, заедно да го издигнеме  слободарското знаме.“, порача во поздравниот говор, претседателот на гостиварската боречка организација, Радислав Ѓиноски.

За почетоците на организираната револуционерна борба на македонскиот народ, преку реферат потсети професорот по историја Горан Павлоски.

“На 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик. На почетокот наречена Македонски револуционерен комитет, потоа преименувана во ТМОРО, ВМОРО, а најмногу позната како ВМРО. Појавата на револуционерната организација е една од најсветлите пројави во Македонската историја која ја пробудила свеста кај народот дека е достоен да има своја држава. После нејзиното основање револуционерната идеја започнала брзо да се шири помеѓу широките народни маси, пред се` помеѓу прогресивната младина и нивните професори кои стануваат `рбетот на организацијата.“, подвлече Павлоски.

Културно-уметничкиот дел од настанот го исполнија учениците од основното училиште “Гоце Делчев“, со програма подготвена под менторство на наставниците.

На прославата присуствуваа членови на боречката организација, ученици, наставници и претставници од политичките партии од Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 2 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 4 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 6 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 8 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 10 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 12 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 13 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена