Гостивар
Започна сечењето на дрвја во градскиот парк во Гостивар
Во големиот градски парк во Гостивар, денеска започна сечење на дрвјата, што беа одбележани како ризични по минувачите. Акцијата ја спроведува Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило, кое претходно организираше јавна дебата по ова прашање. Надлежните велат дека се постигнало разбирање со невладините организации и граѓаните.
„После јавната дебата, формиравме петчлена комисија: два члена од нашето претпријатие, два од невладините организации и еден граѓанин. Одлучивме да се исечат пет дрвја, што се потенцијален ризик за минувачите и денес започнавме со нивно сечење.“, изјави Беќим Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.
Паркот нема да остане без дрвја и зеленило, ветуваат од претпријатието. За делот кадешто денес се сечеа дрвја, кај детското игралиште, има посебен проект којшто ќе се реализира со турска донација. „Ќе бидат засадени околу 400 нови садници. Ја чекаме донацијата од Турција и штом ја добиеме, веднаш ќе започнеме со активностите за раззеленување“, рече Челебиу.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот