Гостивар
Фестивал „Отело“: Гостивар деновиве живее во духот на театарот
На радост и задоволство на љубителите на театарската уметност, вчеравечер во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар беше отворен Меѓународниот театарски фестивал „Отело“. На вечерта на отворањето, публиката имаше можност да ја проследи претставата „Надвор паѓа снег“ во изведба на тетовскиот театар, којашто е надвор од конкуренција за награда.
До 8-ми ноември (петок), секоја вечер во Гостивар, ќе биде вечер на театарот, со по една претстава.
„Благодарение на селекторот на фестивалот, режисерот Ќендрим Ријани програмата е многу добра. Очекуваме голем број љубители на театарот да дојдат и да ги гледаат претставите, а секако ние како организатори сме добро подготвени се` да протече како што треба“, изјави Арѓент Хасани, директор на фестивалот.
Сите претстави ќе се играат на сцената на Центарот за култура, со почеток во 19 часот.
„Имаме шест вечери на добар театар од цел Балкан, на сите јазици. Очекувам Гостивар добро да биде вклопен во оваа,да ја наречеме културна инфузија, за да оживее градот како што треба. Би им порачал на граѓаните, секој што е во можност да присуствува. Има навистина добар репертоар и се очекува фестивалот да помине на највисоко ниво.“, рече директорот на Центарот, Ход Мифтари.
На свеченото отворање свое обраќање имаше продуцентот на „Отело“, Берат Салиу.
„За да целиот фестивал изгледа така како што треба, се погрижи посветен и вреден тим: директор Арѓент Хасани, уметникот Бурхан Ахмети, Хајдар Хајдари како менаџер, режисерот Ријани како селектор, а голема благодарност и до директорот на Центарот за култура Ход Мифтари за одличната соработка и поддршка“, рече Салиу.
Информации за програмата на фестивалот и предвидените награди, можете да најдете на следниот линк
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот