fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Утревечер во Гостивар почнува Меѓународниот театарски фестивал „Отело”

Објавено

на

Со претставата „Надвор паѓа снег“ на Тетовскиот театар (надвор од конкуренција за награди), утревечер во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар ќе биде отворен Меѓународниот театарски фестивал „Отело”.

Освен оваа, во рамки на фестивалот, којшто ќе трае до 8-и ноември ќе бидат изведени претставите:

4 ноември – „Ај Кармела“ на воениот театар САРТР (Сараево, БиХ) во режија на Роберт Рапоња,

5 ноември –„Злосторство на 21 век“ на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес во режија на Владимир Милчин

6 ноември – „Петте доба на народниот непријател“ на Мултимедијален центар (Приштина, Косово) во режија на Блерта Незирај

7 ноември – „Раѓање на Барбара“ на Народен театар (Бурса,Турција) во режија на Ече Окај

8 ноември – „Ширли Валентина“ на театарот „Александар Мојсиу“во режија на Дриада Дервиши (Драч, Албанија).

Овие пет претстави се натпреваруваат за фестивалските награди: најдобра претстава, најдобар режисер и најдобри актер и актерка.

„Ова е трето издание на фестивалот и може да кажам дека од година во година растеме. Годинава имаме претстави на албански, македонски, босански и турски јазик. Важно ни е што имаме огромна поддршка од гостиварци како публика, тоа како организатори на фестивалот многу ни значи и не поттикнува уште повеќе да работиме. Фестивалот е одлична можност и за приближување на уметниците од различни земји, разменување на искуства, дружење. Претходните две години се покажа дека навистина, цело време владее убава и позитивна атмосфера, па не се сомневаме дека така ќе биде и годинава“, рече Берат Салиу, продуцент на фестивалот.

Во реализацијата на „Отело“ се вклучени:Арѓент Хасани (директор), Бурхан Ахмети (дизајн), Хајдар Хајдари (менаџер) , а селектор е режисерот Ќендрим Ријани.

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура, општините Гостивар и Врапчиште и Телеком.

Сите претстави започнуваат во 19 часот.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Како треба да се одвива наставата во училиштата?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!